Ѓорчев: Извештајот на ОБСЕ е замижување на нерегуларностите, се крие убиство на учесник во изборниот процес

by Fokus

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборниот процес, вклучувајќи го и денот на гласањето. Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР повеќе е замижување и перење на сите нерегуларности, отколку изнесување на виделина и прецизно посочување на одговорните за очигледните нарушувања, истакна Влатко Ѓорчев, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Изборите не може да бидат одржани во конкурентно опкружување со почитување на темелните слободи, а истовремено да се констатираат кредибилни, докажани, очигледни наводи за купување на гласови, притисок врз гласачите и како што тие велат изолирани случаи на насилство. Во најмала рака е неодговорно и некредибилно во фуснота да се сокрие убиство на учесник во изборниот процес кое дејство, само по себе фрла огромна дамка на изборите. Неодговорно и некредибилно е нападот врз кандидат за градоначалник да биде образложуван со наводно изложување на тензиите и висок степен на поларизација во ромската заедница, внимавајте станува збор за претепан актуелен градоначалник и кандидат кој што половина од кампањата мораше да помине во постела односно во болница и домашно лекување – истакна Ѓорчев.

 

Поврзани новости