Ѓорчев: Искршени 40 надгробни плочи на гробиштата во Гази Баба за да им се втера страв на гласачите

by fokus

Никогаш во овие 20 год немало понасилни избор од овие и избори со повеќе поткуп, насилство и нерегуларности, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. На прес конференција денеска во партиското седиште Ѓорчев презентираше видео и аудио снимки од наводни изборни нерегуларности и ги толкуваше пред медиумите.

Тој рече дека се забележани поткуп, уцени и закани од полициски службеници, сомневања за полнење кутии со методот „бугарски воз“ во повеќе општини. МВР и државните институции, рече Ѓорчев, го премолчале сето ова.

-Целата полиција беше ставена на располагање на СДСМ. Полициски претставници блиски од СДСМ им се закануваа на граѓани и им забрануваа да излегуваат од својот дом. На луѓе им беше забрането во 2017 да излегуваат од дома – изјави Ѓорчев фрапиран.

Оваа појава, рече тој, можела да се забележни низ цела Македонија.

Според Ѓорчев бил вршен и притисок врз администрација. Аудио снимка која ја презентираше рече дека покажува како татко на кандидат за градоначалник на СДСМ им се заканува на вработени општина Драчево дека ќе останат без работа.

-Знаете за што зборуваме тука? За отпуштање на 1100 луѓе од работа во Драчево, исто како во транзицијата – рече тој.

Во Гази Баба, додаде, се вршел систематски психолошки притисок врз граѓани да не излезат да гласаат.

-На само 3 часа пред затворање на гласачките места искрешени беа над 40 надгробни плочи на православните гробишта во Гази Баба. Над 40 плочи на православните гробишта. Сликите се загрижувачки, а целта е да им втераа страв на гласачите – посочи Ѓорчев.

Во Могила и Новаци, рече тој, враотени во РЕК Битола за кои се претпоставувало дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, добивале закани дека ќе останат без работа ако излезат на гласање.

Ѓорчев додаде дека вчера демократијата и правната држава биле погребани. Тој ги повтори барањата што вчера ги упати и неговиот лидер меѓу кои се организирање на предвремени парламентарни избори по пржинскиот модел спроведени од техничка влада.

 

 

Поврзани новости