Ѓорчев го возвраќа ударот: Шилегов како градоначалник целосно потфрли

by fokus

Пратеникот Владо Ѓорчев, иницира фејсбук анкета која покажува незадоволство кај граѓаните од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Ова следи откако Шилегов рече дека играл игра на мобилен за време на расправата за загадување во Собранието, зошто не можел да го слуша говорот на Ѓорчев.

„Шилегов како градоначалник целосно ПОТФРЛИ. Тотално ги РАЗОЧАРА граѓаните. Во Скопје се случува тивок ПРЕСВРТ. СДСМ дефинитивно паѓа со рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ оди нагоре. Повторно ќе победиме во СКОПЈЕ“, напиша Ѓорчев на фејсбук.

Шилегов како градоначалник целосно ПОТФРЛИ. Тотално ги РАЗОЧАРА граѓаните. Во Скопје се случува тивок ПРЕСВРТ. СДСМ…

Publiée par Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) sur Vendredi 30 novembre 2018

Поврзани новости