Горан Груевски повеќе од шест часа на распит

by Фокус

Се уште трае распитот на началникот на Петтата управа, Горан Груевски, кој е осомничен дека заедно со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, уништиле опрема за прислушува со цел да се прикрие кој ја користел.

Поради судењето за Дива Населба, распитот на Груевски почна во Апелационен суд, а потоа се префрли во Кривичен суд, каде трае  повеќе од шест часа. На распитот присуствуваат и обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

До сега никој не дава информации во каква атмосфера се води распитот на началникот на Петтата управа, ниту уште колку ќе трае.

Поврзани новости