Големо невреме во Скопје, повторно настрадаа Стајковци и околните места

by Фокус

По невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево, Стајковци, Страчинци.

-Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци – изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.

Невремето, во одредени делови од Скопје предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија, а повторно беше настрада и скопската обиколница.

Поврзани новости