Големо невреме во Прилеп, целосно уништени површини со тутун, пиперки и житни култури

by fokus

Страшно невреме го зафати денеска прилепскиот регион, кое беше проследено со дожд и град, а направи огромни штети на земјоделските култури.

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. 100 % се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури.

Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони.

Поврзани новости