Големиот број на тужби за клевета влијаат негативно врз слободата на изразување

by Фокус

Европската комисија денеска  го објави новиот годишен извештај за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија. Во него се оценува постигнатото во клучните области, во кои Унијата очекува реформи од земјава. Во извештајот се посветува и дел на медиумите и декриминализацијата на клеветата.

Според извештајот, откако била декриминализирана клеветата, околу 580 граѓански спорови за клевета биле поднесени во судовите против новинари, како и од политичари против други политичари, испраќајќи негативна порака кон јавноста и медиумите.

– Широката употреба на тужби за клевета продолжува да влијае негативно врз слободата на изразување. Многу од тужбите за клевета се поднесуваат, а подоцна се повлекуваат, што дава основа за сомневање дека тужбите за клевета се користат како начин на вршење притисок. И, Законот за граѓанска одговорност и новиот Закон за медиуми содржат минимални одредби за вонсудски решавања, како првото за демант или извинување – се наведува во новиот годишен извештај.

 

Поврзани новости