Големи протести во Аргентина поради вакцинирањето преку ред, министерот даде оставка

by fokus

Илјадници луѓе вчера излегоа на протести во градовите ширум Аргентина поради скандалот со „ВИП вакцинацијата“, што го натера министерот за здравство да си поднесе оставка. Гинес Гонзалес Гарсиа поднесе оставка пред една недела на барање на претседателот, откако се откри дека негови пријатели биле вакцинирани преку ред против корона вирусот.

Демонстрантите со натписи „Дај ми ја мојата вакцина“, и „Престанете да ги трошите нашите пари“ се собраа пред седиштето на Владата на Плаза де Мајо во Буенос Аирес.

– Почнаа со вакцинација на владините пријатели. Не е примерно. Тие крадат нечиј живот, рекла една од демонстрантите за АФП.

Откако Аргентина почна со вакцинација на населението, до среда се вакцинираа само здравствените работници, а потоа беа повикани и постарите од 70 години.

Во понеделникот владата објави список на 70 лица кои примиле вакцина надвор од официјалната кампања, меѓу кои биле и 38-годишниот министер за економија и поранешниот претседател Едуардо Духалде, неговата сопруга и нивните деца.

На оградите пред седиштето на Владата и управата на претседателот, демонстрантите обесиле лажни црни вреќи со имињата на вакцинираните провладини челници. Претседателот, Алберто Фернандез ги осуди нивните постапки.

Поврзани новости