Голема акција: Се апси криминална група во Грчец и Гази Баба

by Fokus

Специјалните единици на МВР од утрово се на терен и спроведуваат голема полициска акција во Грчец и Гази Баба. Акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР.

Детали не се откриваат, а неофицијално се работи за приведување на лица кои вршеле сериозен криминал, односно нелегална трговија со дрога.

По завршување на акцијата се очекуваат детали и официјални информации од МВР и од ОЈО ГОК.

Поврзани новости