Голем пункт за донации утре во центарот на Скопје

by fokus

Утре во Скопје, на Сквер Јадран од 10 до 22 часот ќе има голем пункт за донации за настраданите во поплавите.

-Сите кои нема да можете да помогнете со лопата во рака, (види настан) да бидеме на едно место онаму каде што сме најпотребни – сите пунктови постануваат еден голем и координиран пункт за донации. Веднаш по пристигнувањето и пакувањето, секоја донација ќе биде упатена онаму кајшто е најнеопходна! – стои во повикот на Фејсбук групата  Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје.

Најнеопходна е конзервирана храна и средства за дезинфекција, лична хигиена и дезинфекција.

Поврзани новости