Голем протестен марш за хонорарите на 24 април

by Фокус

На 24 април, петок, ќе се одржи голем проетестен марш против неуставните закони за хонорарците со кои се прекршуваат неколку уставни права и принципи и со кои се врши грабеж врз голем број на граѓани на Македонија, најавува платформата за граѓанска политика „Ајде!”.

Маршот ќе започне во 12 часот пред Министерството за финансии, а ќе заврши пред Уставниот суд на Република Македонија. Таму ќе биде поднесена претставка од 7000 граѓани за утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.

– Покрај нарушеното владеење на правото, со овие закони се ускратува правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците остануваат заглавени во бирократските лавиринти, затоа што законите се непрецизни, двосмислени и нејасни, па оттаму, ни администрацијата не знае како да ги спроведе, објаснуваат од  „Ајде!“.

Поврзани новости