Голем пожар во Лондон, засега не се знае бројот на загинати

by fokus

Во големиот пожар во станбена висококатница во Лондон загинале повеќе лица а најмалку 30 се повредени.

Началникот на противпожарната служба на Лондон, Дени Котон, утринава соопшти дека во пожарот во 27-катната станбена зграда Гренфел Тауер има засега неопределен број на загинати. Тој истакна дека причините за пожарот, кој избувна во раните утрински часови, и натаму се непознати.

Огнената стихија го зафати целиот облакодер во западниот дел на британскиот главен град, а чадот кој се креваше од местото на несреќата можеше да се види на неколку километри оддалеченост.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, на социјалната мрежа Твитер објави дека е прогласена состојба на голема несреќа. Пожарот избувна еден час по полноќ по локално време, како што се вели на еден од горните катови на зградата,  а првите амбулантни возила пристигнаа до местото на инцидентот пет часа потоа.

Поврзани новости