Голем пожар кај Чаирчанка

by fokus

Попладнево голем пожар избува во близина на Чаирчанка. Според првичните информации зафатени се четири објекти и за среќа нема повредени лица.

-На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила.
Истрагата ќе треба да утврди која било причината за големиот пожар, велат од МВР.

Поврзани новости