Голем пожар беснее кај Струмица

by Фокус

Голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница, јавија локалните медиуми. Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер.

Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева.

Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар.

Поврзани новости