Голем одзив кај функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за акцијата “Врати тендер, продај стан”

by lali

Новата владина акција “Врати тендер, продај стан” наидува на голем одзив кај функционерите во сите ешалони на власта. “Коза ностра” дознава дека работниот наслов на акцијата е “Пресретни го Шилегов”, а идејата е функционерите да се ослободат од непријавениот имот и од сомнителните зделки пред оној издаицата од СДСМ да ги издаде во јавноста.

Поради акцијата се очекува и мал пад на цената на квадратот во Скопје поради нагло зголемување на понудата на станови за продавање.

Поврзани новости