Голем хуманитарен концерт на Магдалена Алексовска и пријателите за малиот Дамјан

by fokus

Потполно уживање за душа од „Моцарт“ до „Simply the best“ со прекрасната Магдалена Алексовска и многу музички имиња во Домот на културата „Ѓорче Петров“ овој четврток – 03 мај со почеток од 20 часот.

Средствата кои ќе бидат собрани од овој хуманитарен концерт ќе се насочат за лекување на малиот Дамјан Поповски кој има една година и осум месеци и сè уште не го слушнал гласот на својата мајка.

Дамјан беше опериран на 17.04.2018 година и во мозокот му беше вграден кохлеарен имплант со чија помош тој треба да почне да ги прима звучните сигнали. Трошоците за неговото лекување и одржување на имплантот во постојана функција се многу големи и секоја поддршка и секое присуство на овој концерт е донација која ќе помогне во иднина и Дамјан да може да ужива во звуците на музиката. Цената на билетите за овој концерт е 100ден, а со секое купување на билет веќе донирате за Дамјан. Билетите можат да се купат на влезот на концертот.

Концертот ќе го поддржат со свои настапи и Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Џина Папас Џокси, 2ВЕ, Благица Ѕунѕуровска, Милана Лукиќ…

Концертот ќе започне со звуците на класичната музика со Екатерина Лукарова – флејта, Оља Михајловиќ – флејта, Александар Војнески – виолина, Бојана Мирковска – виолина, Изабела Велковска – флејта, Марко Наумовски – флејта, Нина Крагуевска – кларинет, Виктор Богоевски – тромбон, Александра Кировска – гитара, Дамјан Илиовски – тромбон, Дани Жоговска – пијано…

Да запееме со душа за Дамјан да слуша!

Поврзани новости