Голем дел од богатите земји воведуваат и трета доза од вакцината

by Fokus

Додека светот се бори со делта варијантата на корона вирусот, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза од вакцината против Ковид-19.

Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство откако во вторникот воведоа насоки со кои се препорачува трета доза на вакцина против ковид за постарите лица.

Израел минатата недела ја објави својата програма за трета доза, откако експерти назначени од владата го препорачаа овој потег. Експертите го засноваа своето мислење врз податоците што покажуваат дека вакцината почнува да ја губи својата ефикасност во спречувањето на инфекции со текот на времето.

Поврзани новости