Ѓоковиќ по осми пат го освои Австралија Опен

by fokus

Новак Ѓоковиќ го победи Доминик Тим со 3-2 (6-4, 4-6, 2-6, 6-3 и 6-4) во сетови во финалето во Мелбурн и дојде до неговата 17. грен слем титула, осма на Австралија Опен.

Ѓоковиќ ја освои 78. титула во кариерата, со што му се приближи на Рафаел Надал на само шест трофеи, а исто така ова е најуспешниот турнир на Србинот на кој има 75 победи и осум порази, додека пред него е само Роџер Федерер, кој има 102 победи и 15 порази.

Во клучниот сет искуството и квалитетот на Ѓоковиќ дојде до израз; тој ја искористи грешката на Тием и со во третиот гем си создаде предност која не ја испушти до самиот крај и заслужено со 6-4 славеше голема победа.

– Ова е дефинитивно мојот омилен турнир – порача Ѓоковиќ.

Поврзани новости