Година и два месеца затвор за дадилка

by Фокус

Kaзна затвор од година и два месеца е изречена за дадилката  Т.С. која беше обвинета за кривичното дело „Запуштање и малтретирање дете“.

Одлуката ја донесе денеска Основниот суд Скопје 1. Судењето беше  затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице.

Родителите на бебето откако забележале модринки и повреди по телото на своето дете поставиле скриена камера во станот и така ја снимиле агресивната дадилка која наместо да го смирува и да го чува, го малтретирала бебето.

Поврзани новости