ГОБ „8 Септември“: На Јанакиески не му се констатирани никакви повреди

by fokus

Од Градската општа болница „8-ми Септември“ попладнево соопштија дека по извршениот преглед на Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди.

-Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8-ми Септември“ апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

Поврзани новости