Го затвориле во стан поради долг, но успеал да избега

by Фокус

Четириесет и пет годишниот скопјанец А.К. во полиција пријавил дека завчера во 9 часот бил лишен од слобода од неколку непознати лица, кои го држеле во непознат стан во Ѓорче Петров, поради наводен долг на непозната сума на пари.

Но, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, тој вчера околу 07.30 часот успеал да избега, поради невнимание на едно од лицата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости