Го удрил воз и веднаш починал

by Fokus 12:12
12:12

Четириесет и деветгодишен пешак починал на лице место, откако во него удрил воз, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 23.07 часот на влезен сигнал на железничка станица Гевгелија, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија, управуван од машиновозачот С.М. (49), удрил во пешакот Г.Т. (49) од с.Мојно,општина Могила, со привремено престојувалиште во Гевгелија. Од ударот Г.Т. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

- Advertisements -

Од 23.15 часот до 01.30 на 16.06.2018 година железничкиот сообраќај бил во прекин.

 

Поврзани новости