Го сакам Скопје: Втор роденден на СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

by Фокус 14:54
14:54

Тимот на Скопје Сити мол и овојпат реши да ја негува традицијата и да им понуди многу забавни мигови во текот на трите славенички дена на сите свои посетители, почнувајќи од 3, а заклучно со 5 октомври.

Централната забава се случи во саботата на 4 октомври.

Почна во раните утрински часови, а заврши со спектакуларно шоу вечерта, каде што повторно акцентот беше ставен на модата и музиката.

- Advertising -

„По повод вториот роденден на Скопје Сити мол, сакавме да прикажеме оригиналност и инвентивност, едноставно да ја аргументираме тезата дека „Скопје Сити мол е најтрендовско место во Скопје, место во кое посетителите уживаат во шопингот, забавата и храната“.

Викендов имавме рекордна посетеност, напладне децата уживаа во стрип-работилниците, се забавуваа со детските хитови и „игрите без граници“, купувачите уживаа во роденденските попусти во продавниците, а се уживаше и во гледањето филмови, куглањето и во забавувањето во кафе-баровите“, ни изјави Дарко Панчевски од Скопје Сити мол.

Во саботата, тимот на Скопје Сити мол своите роденденски гости ги почести со првата руфтоп-забава организирана во Македонија.

Настанот почна утрински со забава за најмладите, а продолжи во вечерните часови.

Жешкото одбројување стартуваше во 20 часот, со ексклузивното модно шоу на кое се појавија дел од најубавите топ-модели од Балканот.

Прекрасните манекени чекореа на пистите, водени од звуците на виолина, подоцна и од двајца перкусионисти, а целото шоу беше проследено и со перформанс на паркури.

Во рамки на ова спектакуларно модно шоу, реализирано по светски терк, се претставија најновите колекции на брендовите во молот.

Прекрасните модели, музичари и перформансот на паркуристите го направија ова шоу незаборавно.

По завршувањето на модното шоу, просторот на петтото ниво на катната гаража беше адаптиран за  извонредниот музички настан на еден од најхаризматичните и светски најетаблиран  македонски диџеј – Кирил Џајковски.

Во полн состав, надополнет од ТК Вондер, Џајковски приреди двочасовно шоу за паметење, со што уште еднаш докажа зошто светската публика ужива на неговите настапи.

Илјадници посетители еуфорично се забавуваа на неговите хитови до доцна во ноќта на првата забава на покрив во Македонија.

Трговскиот центар Скопје Сити мол е најголем во Македонија, има преку 140 закупци и околу 2.000 вработени.

Во склоп на своето роденденско одбележување не ја изостави ни грижата за своите посетители кои сакат да уживаат во шопингот, па токму за нив овозможи роденденски специјални попусти  и ноќен шопинг.

Поврзани новости