Го претепале зашто еден од нив вознемирувал по телефон

by Fokus

Жител на село Добарце тетовско бил претепан од група на паркинг плац пред трговскиот центр „Ремол“ под изговор дека вознемирувал по телефон еден од нив, информираа од МВР.

Според полицијата, Н.З. (20) пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот околу 10 непознати лица го претепале додека бил со негов братучед и негов другар.

„Неговиот братучед и другар со возило отишле во Трговски центар „Ремол“, додека Н.З. заминал по нив. Кога стигнал на вториот кат, непознато лице му се доближило и му рекло да не го бара повеќе на телефон. Н.З. не застанал, а истото лице го повикало да излезе надвор да разговараат. Кога излегол на паркингот, непознатото лице веднаш физички го нападнало, удирајќи го со тупаница во пределот на главата. Друго непознато лице го удрило со тврд предмет по главата, а набргу потоа им се приклучиле уште осум непознати лица кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото“, соопшти полицијата.

Повредениот Н.З. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Поврзани новости