Го претепале бидејќи им укажувал да возат внимателно на крстосницата каде настрадал неговиот син

by fokus

Четири непознати лица во понеделникот околу 16.20 часот физички го нападнале 46-годишниот Г.В. од Скопје. Го удирале со тупаници и клоци по телото, а едно од нив се обидело да го нападне со нож, но не успеало. Г.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Ургентниот центар каде бил задржан на понатамошно лекување.

Според неговата изјава Г.В. сакал да им укаже на возачите на опасноста на крстоцницата од ул. „Коце Металец“ со ул. „Ферид Бајрам“ во Скопје за да возат внимателно. Претходно на истата локација се случила сообраќајна незгода во која учествувал неговиот син.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани новости