861
Скопјанец е пријавен во полициска станица затоа што физички нападнал сопственик на угостителски објект на улицата „Драган Ѓаконовски Шпато“. Инцидентот се случил вчера вечерта, околу 22.00 часот, а причината за нападот, како што велат од полицијата, е во тоа што на напаѓачот не му се допаднала музиката во локалот.
Неофицијално станува збор за скопската кафеана „Сокаче“. Тепачот В.К. поради незадоволство од постоечката музика во објектот, физички го нападнал 51-годишниот Ј.Е., удирајќи го со тупаници по главата. Газдата на кафеаната паднал на подот и се стекнал со видливи повреди, црвенило и оток на челото, посекотина на носот и гребаница и подлив на тилот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.