Го натепале синот, таткото да го одбрани добил и тој ќотек

by Fokus

Татко пријавил дека три непознати лица во угостителски објект го нападнале неговиот син, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 04.50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, С.П. (56) пријавил дека истиот ден околу 02.10 часот во угостителски објект три непознати лица физички го нападнале неговиот син Н.П.(23). Имено, откако пријавителот излегол во влезот од зградата, ги забележал лицата како го удираат неговиот син и се обидел да го одбрани, но лицата и него физички го нападнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости