Го натепале поради кавга во сообраќајот

by Фокус

Скопјанецот И.Ф.(22) пријавил дека околу 04.30 на во близина на Градскиот стадион во Скопје бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, информираа од МВР.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот и се работи на расчистување на случајот.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „,Мајка Тереза’’ каде му била укажана лекарска помош.

Поврзани новости