Го нападнале, тој се онесвестил и му земале два мобилни телефони и 150 евра

by Fokus 12:32
12:32

Двајца непознати лица ограбиле скопјанец во Градскиот трговски центар, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера 47-годишниот К.Б. пријавил дека истиот ден околу 18,20 часот во Градскиот трговски центар, две непознати лица физички го нападнале, по што истиот паднал на земја и се онесвестил, а лицата му одзеле два мобилни телефони и 150 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

- Advertisements -

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани новости