Го нападнале обезбедувањето за време на кошаркарскиот натпревар меѓу МЗТ и Работнички

by Fokus

Двајца од присутните на кошаркарскиот натпревар МЗТ-Работнички физички го нападнале обезбедувањето, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 17,45 часот во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и “Работнички“, Ј.Б. (24) и А.Д. (33), двајцата од Скопје физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди. При интервенција на полициски службеници, биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости