Го нападнал во ресторан пред сопругата, а потоа и во болница каде побарал лекарска помош

by Фокус

Триесет годишниот штипјанец З.А. во штипската полициска станица пријавил дека синоќа по полноќ додека седел во угостителски објект во друштво на неговата сопруга бил нападнат од 32-годишниот О.О. кој, според пријавата, му пришол зад грб и го нападлал со тупаница.

„З.А. станал, но во истиот момент дошло обезбедувањето, по што ги раздвоиле и ги отстраниле од објектот. Од нападот, З.А. се здобил со повреди и се упатил во Клиничка болница Штип на лекарски преглед, но додека бил на приемното одделение, пристигнал О.О. во друштво со лицето Д.К. (29) од Штип, и физички го нападнале. Од ударите З.А. паднал под масата за преглед, по што О.О. и Д.К. ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото. Според пријавеното, напаѓачите го удирале З.А.и со други предмети“, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости