Го нападнал полицаецот зашто му пишал казна за брзо возење

by fokus

Дваесет и тригодишен маж од Скопје нападнал полицаец откако му напишал казна за брзо возење.

-На булеварот ‘Србија’ полициски службеници вршејќи службени задачи – радарска контрола сопреле патничко моторно возило ‘форд фиеста’ со скопски регистерски таблички управувано од А.А.(23) од Скопје. Потоа, при изрекување казна за пречекорување  брзина, истиот почнал да ги навредува и да им се заканува, а во еден момент нападнал еден полициски службеник, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициската станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости