„Го молам небото да те врати“, сестрата на Тоше Проески сподели емотивен статус за него

by fokus

Изминуваат 11 години од трагичната смрт на поп пејачот Тоше Проески, кој загина на 16-октомври, 2007-ма година во сообраќајка кај Нова Градишка, Хрватска.

И после толку години, фановите на Тоше се во неверување за големата загуба, а болката најмногу ја чувствува негово семејство.

Сестрата на Тоше Проески, Дора на својот профил на Фејсбук постојано објавува фотографии и песни од нејзиниот брат, а последно сподели емотивен статус од српска фан страна насловена „Тоше Проески – Балкански анѓел“.

Овој статус е составен од насловите на најголемите хитови на македонската музичка ѕвезда.

Поврзани новости