Го киднапирале и барале пари за да го ослободат

by Fokus

Триесет и тригодишен тетовчанец бил киднапиран и за него биле барани пари, за да биде пуштен на слобода, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во тетовската полициска станица 33-годишниот Н.Б. од село Боговиње пријавил дека неговиот зет е киднапиран, кој претходниот ден бил пријавен како исчезнат. Откако А.А. бил пријавен за исчезнат, на пријавителот му биле испратени СМС пораки дека А.А. и неговото возило се задржани од непознати лица и дека ќе го пуштат, откако ќе им дадат одредена сума на пари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости