Го измамил дека ќе му овозможи донација од УНДП и вработување во МВР

by Фокус 14:34
14:34

Четириесет и четири годишниот А.С. од Скопје вчера во полиција пријавил дека во периодот од март до април 2018 година бил измамен од лицето Б.Н, при што бил оштетен за 356.397 денари.

„Тие случајно се запознале во Штип каде што Б.Н. се претставил како претставник на УНДП за Македонија и дека е одговорен за одобрување на проекти за помош на фирми. По една година се слушнале затоа што А.С. бил сопственик на приватна фирма и бил заинтересиран за добивање донација – набавка на товарни возила. Б.Н. му ветил дека ќе завршат работа за што во неколку наврати му побарал 2.100 евра. По некое време Б.Н. му покажал мејл порака дека му била одобрена донација од две товарни возила и дополнителни 360.000 денари за набавка на трето возило“, стои во билтенот на МВР.

- Advertisements -

Дополнително, во текот на комуникацијата Б.Н. му кажал на А.С. дека бил вработен во МВР како помошник на помошникот на Оддел за внатрешна контрола во МВР, но поради обврските во УНДП планира да даде отказ во МВР, па му предложил да го вработи на неговото работно место.

„За вработување А.С. му дал 74.000 денари на Б.Н.. Исто така, Б.Н. му кажал дека за вработувањето било задолжително да поседува мобилен телефон „Ајфон Х“ бидејќи биле најбезбедни и му побарал да му купи „Ајфон 7“ и разликата ќе ја отплаќа на рати. На ова, А.С. се посомневал и на следното видување со Б.Н. му ги побарал парите, но тој си заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости