„Global Voices“ објави текст за пресудата на Стразбур за „Фокус -Мијалков“

by fokus

Меѓународната организација „Global Voices“ објави текст за пресудата на Судот за човекови права во „Стрaзбур“, со која се докажа дека „Фокус“, новинарот Владо Апостолов и уредничката Јадранка Костова, неправедно биле осудени за клевета и навреда на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Global Voices“ пишува дека пресудата во Стразбур доаѓа откако македонските домашни судови во 2014 и 2015 година донесоа одлука дека уредничката на весникот „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов заедно морале да платат над 9.000 евра како отштета на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков за клевета и навреда.

-Текстовите беа објавени во јануари 2013 година во дневниот весник Фокус, кој беше затворен три месеци подоцна, по контроверзната смрт на издавачот Никола Младенов. Во написите беа цитирани изјави на поранешниот македонски амбасадор во Чешка, Игор Илиевски, кој тврдеше дека побегнал од Чешка поради притисокот од Мијалков, пишува во текстот.

Оваа приказна првично ја објави Мета.мк. Изменетата верзија е повторно објавена на „Global Voices“ според договорот за споделување содржина помеѓу „Global Voices“ и Фондацијата Метаморфозис.

Поврзани новости