Главните поенти од писмото на Пешевски за национално помирување

by fokus

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски презентираше писмо за кое ќе бара поддршка од сите политички партии, а има за цел национално помирување.

Во продолжение Ви ги пренесуваме главните поенти од писмото, за кое Пешевски вели дека има поддршка и од поранешни министри, градоначалници и функционери.

„Раководстото на ВМРО-ДПМНЕ да иницира средба на најголемите политчки партии со цел политички дијалог и подобрување на амбиентот. Даваме поддршка на раководството на партијата на ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваме да се вклучи кон евроинтеграциите. Сосема е јасно дека се созадени услови во Собранието за промена на Уставот. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот. И покрај тоа што Договорот е далеку од идеален, сметаме дека може да се обезбеди зачувување на идентитетот. Доколку не се направат овие чекори постои опасност ВМРО-ДПМНЕ да остане длабоко поделена партија, изолирана и оставена на маргините. Затоа предлагаме целосно вклучување на ВМРО-ДПМНЕ во процесот во уставните измени. На СДСМ и сугерираме да покаже максимално можна флексибилност и инклузивност. Ги повикуваме сите пратеници да ги имаат во предвид долгорочните интересите на Република Македонија. Изразуваме силно несогласување на различните протести и притисоци кон пратениците кои дадоа поддршка на интеграциите на Македонија. На овие пратеници им ја даваме нашата целосна поддршка. Од меѓународната заедница бараме да биде силен посредник во ова национално помирување. Овој процес треба да започне со ослободување на сите кои на 27 април не извршиле насилство.“

Поврзани новости