Гласачи го сликаат гласачкото ливче, но и избирачкиот список

by Фокус

Министерството за внатрешни работи примилo неколку пријави дека гласачи во многу избирачки места во земјава го фотографиле гласачкото ливче, но и избирачкиот список.

Според неофицијални информации, лице со иницијали А.Д. денеска во 10 часот на влезната врата од О.У. Лазо Ангеловски во Ново Лисиче, го фотографирал избирачкиот список со мобилен телефон, поради што бил усно предупреден.

Потоа, на на избирачко место 1029 во Клуб на резервни воени старешини во Куманово, едно лице го фотографирало гласачкото ливче после гласањето, а истото го сторил и гласач во тетовското ОУ Наим Фрашери.

Поврзани новости