Гир: Зачувувањето на природното и културното наследство на Охрид треба да биде национален зафат

by fokus

Мисијата за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот Регион треба да биде национален зафат со силна поддршка од сите политички сили, порача евроамбасадорот Дејвид Гир по денешната средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

-Природното и културното наследство имаат универазална вредност за сите нас, затоа треба да се сочува со цел да биде достапно за идните генерации. Ние го разбираме огромниот јавен интерес за заштита на регионот на Охридското Езеро како локација која е светско наследство. Токму поради таа причина ние како Европска Унија ја поддржуваме вклученоста на самата заедница во решавањето на ова прашање, рече Гир.

Поврзани новости