Гир: С. Македонија и Бугарија да се ангажираат и да најдат решение

by fokus

Португалија се обврза дека во нивното претседателство со ЕУ, стартувањето на преговорите со С Македонија ќе биде приоритетно прашање, изјави во интервјуто за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир.

-Само да се навратиме на настаните од минатата година во март – историската одлука донесена од Европската Унија. Тоа значи дека 27 земји членки сите заедно се договорија за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Следниот чекор е усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори. Тие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Северна Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата да оди напред, вели Гир.

Поврзани новости