Гинекологот од Битола нема корона вирус, тестот бил негативен

by Fokus

Гнекологот во гинеколошко-акушерската приватна болница „Плодност“ во Битола, кој пред неколку дена покажа позитивни резултати на коронавирусот, на последното тестирање е негативен, информираат од болницата.

Освен него, на тест биле  и неговиот татко и директор на болницата д-р Таше Трпчевски и останатите членови на семејството, кои покажале негативни резултати. И покрај тоа, од болницата информираат дека ќе останат во домашна изолација.

„За радост на целото семејство, сите пет резултати кои беа земени во саботата, се негативни и сите сме во добро здравје. Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше коронавирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба“, соопштија од болницата.

Поврзани новости