Гинекологот Дамчевски избегал во Бугарија со бугарски пасош

by fokus

Гинекологот Николче Дамчевски кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена, избегал од Македонија со бугарски пасош. Основниот суд Скопје 1 за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека утринава по проверките, го нашле македонскиот пасош на Дамчевски во депото во судот.

„Дамчевски имал одредено мерка за обезбедување присуство, односно поради опасност од бегство и таа мерка воопшто не му била укината до правосилноста на пресудата и потоа и таа е во сила и денеска. Минатиот месец судија за извршување на санкциите му напишал и упатен акт за издржување на двегодишната затворска казна“, велат од Кривичниот суд.

Поврзани новости