Ги запалил гробиштата во обид да ги исчисти гробните места на своите роднини

by fokus

29-годишен делчевчанец бил приведен откако предизвикал пожар на муслиманските гробишта во Делчево, поради што интервенирала противпожарната единица, како и локалното население за огнот да биде ставен под контрола.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Ш.М. сакал да ги исчисти гробните места на своите роднини и запалил сува трева, но огнот набрзо се прошири. Во пламенот биле опфатени и изгорени шест декари сува трева во кругот на гробиштата во населбата Стар расадник – Делчево. Пожарот го пријавил самиот Ш.М.

Полицијата го сомничи за „предизвикување општа опасност“.

Поврзани новости