Ги украле парите што биле оставани како донации на верниците

by Fokus

Дваесет и четиригодишен Албанец заедно со уште едно непознато лице ги украле парите што верниците ги оставале како донации, информираа од МВР.

Според полицијата, во текот на 2016 година во џамијата „Табана” на ул. „,Мирче Ацев” во Тетово пријавениот, заедо со уште едно непознато лице, со употреба на физичка сила го отвориле сандачето за донирање на парични средства на верниците и одзеле околу 8.000 денари. На 16.05.2018 година во истата џамија,  пријавениот заедно со уште едно непознато лице, од метален сеф кој бил отворен одзеле од 3.000 до 8.000 денари.

Поврзани новости