Ги претепале, а потоа и на нивните роднини им се заканувале со пиштол

by fokus

Тројца насилници нападнале двајца кумановци и ги претепале, а потоа тие со нивните роднини им вратиле, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 16,00 часот во Полициска станица Куманово, Е.З.(26) и неговиот роднина Р.С.(25) пријавиле дека истиот ден околу 15,30 часот додека со патничко моторно возило „Рено Еспејс“ се движеле по улица „Тоде Мендол“, биле сопрени од А.М.(26) од Куманово кој заедно со лицата А.С.(29) и Ф.С.(37), двајцата од Куманово, физички ги нападнале. Откако оштетените отишле дома и им кажале за настанот на нивните роднини истите излегле на улица „Ужичка“ каде се сретнале со тројцата сторители, при што еден од пријавените лица со пиштол им упатил закани.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Поврзани новости