Ги нападнале работниците зошто им рекле да почекаат малку за да поминат со автомобилот

by fokus

Двајца работници кои вршеле градежни работи во близина на автобуската кај ХЕЦ „Матка“ вчера околу 14:30 часот биле нападнати од две непознати лица кои биле со автомобил „Голф 5“.

Работниците И.М. (24) и Ш.Н. (33) им кажале на лицата во возилото да почекаат малку да завршат со работа па да поминат со возилото, но тие излегле од возилото и физички ги нападнале.

Повредените работници биле префрлени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Кај И.М. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а Ш.Н. бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости