Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава, вели министерот за образование

by Fokus

„Ние како Влада постојано работиме на подобрување на квалитетот на животот, особено на младите“ рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на јавната дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“.

– Заедно со Министерството за економија изработуваме пакет мерки. Во делот на тие пакет економски мерки, да најдеме начин како да ги мотивираме компаниите да го задржат кадарот што го завршил практичното образование. Но, исто така и како да најдеме начин освен мотивација, дел од платите да бидат повисоки од постоечките што се нудат на пазарот за вработување – рече Шаќири.

Тој истакна дека првпат оваа година имаме веќе сто одобрени наслови за учебници за предмети во стручното образование.

– Благодарен сум на Националната комисија, што овој период има одобрено повеќе од сто наслови од различни стручни предмети – рече Шаќири.

Министерот информира дека се обезбедени буџетски средства за учебниците во основното образование, за дел во средното образование и првпат после десет годни и 26 имаме печатени учебници во стручното образование.

Поврзани новости