Чадиковски: Гледам спрега на судовите и правобранителството да ги одбиваат тужбите на новинарите

by Фокус 20:47
20:47

Не може истите судови да судат на еден начин кога се нападнати политичари, а на друг начин кога се нападнати новинари, реагира претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, откако граѓанскиот суд ја одби тужбата и на Горан Трпеновски за упадот во парламентот. Чадиковски за Фактор порача дека за оваа ситуација ќе ги известат Европската комисија, Стејт департментот и сите меѓународни политички фактори.

-Не може за една очигледна неправда која се случи кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност во земјата да се носат вакви одлуки, и уште повеќе ова е трета во низа одлука што ја носи судот, првата за колешките Мрѓа и Стојановска, потоа за колешката Димковиќ, а сега за Трпеноски.  Во сите пресуди има различни основи за одбивање, што само ја покажува тенденцијата на Основниот граѓански суд во Скопје, кој ги следи насоките на државното правобранителство. Тука гледам спрега на судовите и државното правобранителство по секоја цена да ги одбиваат ваквите тужби – рече Чадиковски.

- Advertisements -

Според него, ваквите судски пресуди ја загрозуваат слободата на говорот и ја дискредитираат новинарската професија и улогата на медиумите во едно демократско општество.

-Овие пресуди создаваат и клима во која може да се верува дека секој што ќе нападне новинар ќе помине неказнето. Тоа ќе се одрази негативно на евроинтегративнте процеси, бидејќи правата на новинарите редовно се следат во извештаите на ЕК, но и во извештаите на Репортери без граници и Фридом хаус. Стравувам дека во наредните извештаи ќе покажеме назадување во слободата на медиумите – предупреди претседателот на ЗНМ.

Поврзани новости