Над 130 приговори за денешното гласање

by fokus

До Општинските изборни комисии досега пристигнале над 130 приговори, информираат од ДИК.

Притоа, половина од нив се прифатени, а останатите се одбиени поради неисполнување на условите или пак се уште се во процес на обработка.

Инаку, на повеќе од 10 гласачки места имаше прекин поради проблеми со фингерпринт-апаратите.

Меѓу нив се избирачки места во Дебарца, Демир Хисар, Старо Нагоричане, Липково, Македонски Брод, Пехчево, Радовиш, Росоман, Сопиште…

Некаде прекините траеле неколку минути, а некаде и над 2 часа.

На повеќе претежно тешко пристапни места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

Поврзани новости