Прекини и гужви на гласачки места

by fokus

На 11 гласачки места дошло до прекин на гласањето, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, посочувајќи дека гласањето овие овие места ќе продолжи.

-На 6 избирачки места се гласа на стариот начин, зашто не може да се смени апаратот со теренско возило, а мал е бројот на гласачи на тие места – рече Даштевски.

Тој додаде дека во повеќе избирачки места се прави гужва , поради тоа што во просториите се пушта по еден човек согласно ковид-протоколите.

-Сега им препорачавме да пуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии  – истакна Даштевски.

Граѓани реагираат дека големи гужви се прават на гласачките места во Скопје, како и во други општини каде се регистрирани поголем број на гласачи.

Поврзани новости